Ретро NBA-На денешен ден се случи највозбудливиот “come back” во историјата (ВИДЕО)

1165

Пред скоро три децении на овој датум, најголемиот на сите времиња се врати на кошаркарските терени (за прв пат). На 19 Март 1995 година (по 17 месечна пауза) Мајкл Џордан се појави во своето препознатливо црвено/црно руво. Во тие моменти возбудата беше на највисоко ниво. Она што беше специфично е што се појави со бројот 45 на својот грб. Неговата препознатлива 23-ка беше повлечена од страна на Чикаго Булс, па од тие причини “летачкиот” настапуваше со друг број, се до втората рунда на плејофот истата година кога повторно си го присвои својот заштитен знак.

Таа вечер во Индианаполис, биковите по тешка борба загубија од “пејсерси” по дополнителните 5 минути игра. По завршувањето на продолжението, зад името на најголемиот беа запишани 19 поени, 6 скокови и 6 асистенции но, со слаб процент на реализација на обидите од поле (7-28). И покрај огромната пауза која ја имаше, начинот на кој Мајкл се врати на теренот делуваше како никогаш да не заминал. Токму леснотијата со која го одигра својот прв натпревар назад, докажа колку е на повисоко ниво од останатите.

Во наредните три сезони, Чикаго на чело со својот предводник ќе освои 3 титули по ред (1996, 1997 и 1998 година), што се случи по втор пат по почетокот на декадата (1991, 1992 и 1993 година). Во продолжение следуваат најубавите моменти од најголемиот “come back” во историјата на спортот.

NBA FAN

Димитар Младеновски

NBA колумна на Димитар Младеновски-Легендарниот дуел во големото јаболко (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Биковите против сите (ВИДЕО)

NBA колумна на Димитар Младеновски-Историската вечер на неговото “кошаркарско височество” (ВИДЕО)