Ретро NBA-Искуство на дело во главниот град (ВИДЕО)

234

На денешен ден, Чикаго гостуваше во главниот град.

Вашингтон Визардс го пречека тогашниот шампион. Двата тима се соочија во првото коло на плејофот, една година претходно во кој Чикаго победи со (чисти) 3:0.
На овој натпревар “биковите” на дело го презентираа своето искуство и гранитната одбрана. По израмнетото прво полувреме, во вториот дел ја превземаа контролата и стигнаа до победата (88:83).

Ова беше период во кој Чикаго играше без повредениот Скоти Пипен и имаа тежок старт на првенството. Тоа не ги спречи да имаат одлична сезона и да го задржат приматот на главен фаворит, и покрај тоа што беа највозрасниот тим во лигата.

Мајкл Џордан беше прв поентер со 29 поени а втор тимски стрелец беше Тони Кукоч со 15 поени.
На спротивната страна, водечки беа Џуан Хауард со 22 поени и Крис Вебер со 21 поен, во последната заедничка сезона на големите пријатели.

Чикаго, на крајот од ова првенство, повторно успеа да стигне до првата позиција во Источната конференција. Во големото финале (втора година по ред) се соочија со Јута Џез и ја освоија шестата титула во тимската историја.

NBA FAN
Димитар Младеновски