Најинтересното од синоќешните натпревари.
Поентерите беа расположени за поени, а најмногу беше расположена ѕвездата на Далас Маверикс. Лука Дончич постигна 50 поени на гостувањето во Хјустон а неговиот тим победи со 112:106. Во дуелот помеѓу ривалите од Тексас, Дончич успеа да зграби и 10 скокови и 8 асистенции и продолжи со фантаситичните игри сезонава.
Тајрис Халибартон и Индијана Пејсерс гостуваа во Мајами а младиот бек го одигра натпреварот на кариерата.
Халибартон постигна 43 поени (од кој 10 тројки) и 7 асистенции во тесната победа од 111:108 за “Пејсерси” на гостувањето на Флорида.
Ар-Џеј Берет имаше своја шутерска ноќ во “Медисон Сквер Гарден”.
Канадскиот репрезентативец постигна 44 поени но, ни тоа не помогна во тесниот пораз од 118:117 против Чикаго Булс.
Одличен натпревар одигра и Џејмс Харден кој по повредата која го одалечи од теренот повеќе од еден месец, се враќа во посакуваниот ритам.
Харден оствари “трипл-дабл” со 20 поени, 11 скокови и (рекордни во кариерата) 21 асистенција за победа на Филаделфија против Лос Анџелес Клиперс со 119:114.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















