Ракометната репрезентација на Македонија забележа очекувана победа против Финска изразена со пет голови разлика (22:27).
Избраниците на Кире Лазаров одиграа под своите можности, но на крајот успеаја да ги освојат планираните бодови против Финска и со тоа и математички да се пласираат на ново Европско првенство кое ќе се игра во Словачка и Унгарија.
Лазаров натпреварот го почна со млади сили, а практично првиот тим мораше да влегува уште во 15. минута затоа што Финците играа одлична одбрана и континуирано беа во водство. Домашниот тим беше подобар противник во првото полувреме кое на крај заслужено го доби со 14:12.
Второто полувреме започна исто како и првото, со блага предност на Финска која во одреден момент доаѓаше и до три голови предност.
Сепак, нашите ракометари се разбудија по 40. минута и ја презедоа контролата на играта, па на крај стигнаа и до посакуваната победа.
Вреди да се напомене дека голманот на Финска, Росландер ни ги зададенајголемите проблеми и беше непремостлив бедем за македонските ракометари. Росландер натпреварот го заврши со вкупно 20 одбрани, а многу од нив беа од чисти зицери или одбранети пенали.
И во нашиот табор светла точка беа голманите Томовски и Митревски кои собраа 15 интервенции. Томовски одбрани седум удари, додека Митревски кој бранеше во второто полувреме осум пати ги спречи противниците да ја погодат нашата мрежа.
Кирил Лазаров и Филип Кузмановски беа најефикасни поединци во нашиот табор со по пет постигнати голови, додека во редовите на Финска одличен беше Гранлуд со шест погодоци.
Следниот натпревар за нашата репрезентација е веќе во недела кога во Скопје ќе ја дочекаме Швајцарија во последниот натпревар од квалификациите за континенталниот собир.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















