Македонија во историјата можеби немала играч како што е Аријан Адеми. Таков борец, човек кој го остава срцето на терен, е вистински пример како се носи „црвено-жолтиот“ дрес. По победата над Германија (1-2), фудбалерот на Динамо Загреб ја продолжи бајката оваа сезона.
Херојска елиминација на премиерлигашот Тотенхем како капитен, па сега и историска победа со Македонија, најголемата во нашата историја, ако се погледнат трофеите кои ги освоија Германците.
„Ова е голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и на крајот го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Беше доста тешко да го оствариме тоа, ама, кога човек верува во себе, може да направи се. Имаме една одлична генерација. Најважно е што покажавме на сите и да си пренесеме на себе дека секој верува во секого. Сега ќе ни биде многу полесно на дуелите на ЕП. Добив доста тежок удар пред крајот, имам болка, но се надевам дека за неколку дена ќе биде во ред. Најголем впечаток ми остави Гундоган, не заради голот, туку играчки е над сите таму“, изјави Адеми.
Нашиот национален тим е веќе во Скопје, а фудбалерите полека се упатуваат кон клупските „бази“ каде ќе продолжат со обврските веќе овој викенд.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












