Еден од најдобрите бековски тандеми во последните 10 години е раздвоен.
Си Џеј МекКалум го напушта Портланд, и неговиот голем пријател Демиен Лилард. “Блејзерси” го трампаат бекот од Охајо, во Њу Орлеанс Пеликанс. Заедно со МекКалум во Луизијана пристигнуваат и центарот Лери Ненс (јуниор) како и Тони Снел.

Во спротивен правец доаѓаат тројца кошаркари. Џејсон Харт, чехот Томас Саторански и перспективниот плејмејкер Никел Александар-Вокер од денес ќе го носат дресот на тимот од Орегон. Портланд од овој дил ќе добие и четири идни пикови на наредните драфтови од кој две од првата а две од втората рунда.
Ова е втора размена во рок од 5 дена за Портланд, откако се ослободија од Нормал Пауел и Роберт Ковингтон а ги добија Ерик Бледсо, Џастис Винслоу и Кион Џонсон. Портланд има серија од пет порази по ред и е се подалеку од плејоф-от. За очекување се уште промени во играчкиот ростер, во брзо време.
30 годишниот бек шутер ја игра својата 9-та NBA сезона. Од почетокот на кариерата беше во дресот на Портланд. “Блејзерси” го избраа како 10-ти пик на драфтот 2013 година. Беше добитник на наградата за играч со најголем напредок во сезоната 2015-2016. Во последните седум години, редовно постигнува над 20 поени по натпревар.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













