Македонските навивачи со забрана да ја бодрат репрезентацијата во Амстердам

132

Ако за Букурешт се најавуваат илјадници македонски фанови и од ден на ден се бараат билети за првите два натпревари, во Холандија ни следи сосема поинакво сценарио. Македонија нема да ја има поддршката од своите фанови на последниот натпревар од групната фаза против Холандија во Амстердам на 21 јуни.

„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во Европската унија за граѓани од трети држави е сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку сте меѓи категориите кои се изземени од забраната“, објави холандската амбасада во Скопје.

Сепак, до одигрувањето на овој натпревар има уште доволно време за промена на мерките и можност за наши фанови на трибините. Ако не се олабават мерките, наши навивачи може да има само доколку обезбедат билети за натпреварот Холандија – Македонија, а живеат во Холандија.