Конечно е познато кога Тајсон Фјури ќе ја брани круната (во WBC категорија) како и против кого ќе го стори истото?
На 23 Април 2022, на стадионот “Вембли” двајца британци ќе се судрат во борба за шампионскиот појас. Искусниот и моќен сонародник, Дилијан Уајт ќе се испречи на патот против големиот шампион. Единствено што се чека и финалниот потпис на договорот, по што дуелот би бил во фаза на реализација.
По долгите и макотрпни преговори со Ентони Џошуа (кој пропаднаа) тимот на Фјури се “фрли” во потрага по нов противник. Во досегашната кариера, Фјури има 31 победа и еден израмнет дуел. Од друга страна, Уајт (кој е родум од Јамајка) досега има 30 триумфа и само два порази. Интересно е што двата колоса имаат по 33 години а нивниот дуел е долгоочекуван, имајќи во предвид дека двајцата имаат боксувано против најсилните светски имиња но, никогаш еден против друг.
За овој дуел, Фјури би заработил (вртоглави) 32 милиони долари а Уајт 8. Финансискиот колач ќе биде уште по импресивен кога ќе бидат пресметани и процентите од продажба на ТВ правата за овој одличен двобој.
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















