Рано утрово се случи долго очекуваниот судир помеѓу Рајан Гарсија и Конор Бен.
Лас Вегас и “Ти Мобајл” арената беа домаќини на овој настан кој подолго време беше најавуван како најатрактивниот дуел кој се случува оваа календарска година. Гарсија кој е носител на ВБЦ титулата во “валтер категорија” изјавуваше дека ќе го спречи Бен во најмногу пет рунди. Се испостави дека му требаа само две. По стравичната серија од брзи удари во втората рунда, гостинот од Англија беше видно дезиорентиран при што судијата Томас Тејлор ја прекина борбата. По последниот гонг американецот со мексичко потекло веднаш ги предизвика своите ривали кој се носители на златни појаси, Теофимо Лопез и Девин Хејни. При тоа изјави дека во последните две борби конечно се чувствува здрав и дека повредите и приватните проблеми се конечно зад него.
Конор Бен за кого ова е само втор пораз во кариерата а прв пораз со “нок-аут” завршница, беше видно дехидриран и непрепознатлив поради огромното симнување на килограми пред борбата. Популарниот “уништувач” најчесто боксува со 10-на килограми повеќе а клаузулата во договорот наведуваше двата боксера да не ја надминуваат границата од 67 килограми. И покрај поразот, Бен сеуште важи за еден од најатрактивните боксери на денешницата со 25 победи. На спротивната страна, за Рајан Гарсија ова беше 26-та победа во кариерата а идентично како својот противник има претрпено 2 порази.
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















