[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“

42

НАСА лансираше нов телескоп од најнова генерација за истражување на темна енергија, црни дупки и егзопланети. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе има зголемено видно поле и ќе ги приближува одговорите за мистериите на вселената, вклучително дали сме сами во неа.

Моќниот телескоп од новата генерација на НАСА полета во вселената од лансирна рампа на Флорида. Неговата мисија е да истражува темна енергијацрни дупки и други мистерии во вселената. Телескопот „Ненси Грејс Роман“ ќе снима огромни панорамски погледи на универзумот, а НАСА наведува дека неговото видно поле е дури 100 пати поголемо од она на телескопите „Хабл“ и „Џејмс Веб“.

Мисијата започнува со 100-дневно патување до дестинација оддалечена околу 1,6 милиони километри од Земјата. Од таа точка, телескопот ќе започне со мапирање на планети надвор од нашиот сончев систем, познати како егзопланети.

„Роман ќе го промени начинот на кој гледаме на вселената“, рече Ники Фокс, администратор во НАСА.

Успешно лансирање

Успешното лансирање се случи во недела наутро по локално време од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Околу 30 минути по полетувањето, Роман се одвои од ракетата на компанијата Спејс Икс и сега патува кон својата орбита оддалечена околу 1,6 милиони километри.

Џеки Таунсенд, раководител на проектот за телескопот Роман, го опиша настанот како „величествен“ на прес-конференцијата по лансирањето. „Беше одличен лет. Нè однесе токму таму каде што сакавме да бидеме“, додаде таа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се појави на прес-конференцијата на вселенската агенција за да им честита на научниците што работат на проектот. „Вие сте најдобри во универзумот, а ние сме најдобрата земја во светот. Продолжете така. Вие сте важен дел од тоа“, рече тој.

Потрагата по нови светови

Фокс истакна дека Роман ќе „открие десетици илјади, можеби дури и 100.000 нови егзопланети“, мислејќи на планетите надвор од нашиот Сончев систем.

„Зошто егзопланетите ни се толку важни? Бидејќи една од главните цели на НАСА е да одговори на прашањето: ‘Дали сме сами во вселената?’“, додаде таа.