Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се последниот патник во втората рунда од плејофот во NBA, откако синоќа го победија Далас Маверикс во “мајсторката“ на домашен терен.
Tимот од “Ел-Еј” ја доби решавачката битка во седмиот меч, со конечни 126:111 и со тоа ја затвори серијата со 4-3 во победи. Клиперси во втората рунда за противник ќе го имаат првопласирраниот тим на Западот, Јута Џез.
Лука Дончич постигна 29 поени во првото полувреме и заврши со вкупно 46, но домаќините одговорија со неверојатен шут за три поени, што практично ги остави гостите без одговор. Само во првото полувреме, Клиперси погодија 11 тројки со (63% реализација) за водство од 70:62 на паузата.
До крајот на мечот домашните погодија 20 тројки, а Далас шутот зад линијата не го послужи. Освен брилијантната игра на Дончич остатокот од составот сериозно потфрли. Каваи Леонард постигна 28 поени, но имаше извонредна поддршка од Маркус Морис кој постигна 23, како и од резервите Теренс Мен и Лук Кенард, кои завршија со 13, односно 11 поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















