Тимот на Лос Анџелес Клиперс успеа да го изджи налетот на Далас Маверикс и да се избори за седми решавачки меч. На синоќешниот дуел во “Американ Ерлајнс” центарот, гостите од “Ел-Еј” триумфираа со 104-97.
Каваи Леонард имаше импресивно поентерско издание од 45 поени. Беше следен од Реџи Џексон со 25 и Пол Џорџ со 20 поени. На спротивната страна Лука Дончич повторно беше лидер за тимот од Тексас со 29 поени и 11 асистенции, следен од Тим Хардавеј јуниор со 23. По којзнае кој пат разочара центарот Кристапс Порѕингис кој реализираше само 7 поени и 5 скокови. Интересно е што во досегашниот дел од оваа исклучително возбудлива серија, секогаш победникот извојувал победа на гостински терен.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















