Утре ќе се менуваат вентили за пумпите за водоснабдување на висока зона Аеродром

121

Утре, 5 февруари поради исклучување на напон од страна на ЕВН без електрична енергија ќе остане ПС Припор во периодот од 09 до 12 часот.

Исклучувањето на електричната енергија е со цел да се изврши темелна контрола на двете трафостаници кои се во склоп на ПС Припор.

Сектор ЕОК во координација со сектор Водовод во периодот од 09 до 12 часот ќе изврши замена на усисно потисните вентили за пумпа број 1 и пумпа број 2 кои пумпаат вода за висока зона Аеродром. Замената на вентилите преставува основа за поставување на две нови пумпи.

Резервоарите висока зона Аеродром, Припор 1, 2 ,3 , Сопиште, Ракотинци и Добри дол претходно ќе бидат полни.