Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори речиси 500 работни места – објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференцијата во Владата, инвестицијата вредна 20 милиони евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат во нашата економија.
– Станува збор за браунфилд-инвестиција, која ќе почне со закуп на постоен објкект од 8.000 квадратни метри, а капацитетите ќе се прошируваат до 21.000 квадратни метри до 2028 година. До 2030 година компанијата планира да иневстира речиси 21 милион евра. Целокупното производство на контролни кабли од Труција и Словачка ќе се реализира во Тетово, што е потврда за довербата на инвеститорот во македонската економија, нашата работна сила и деловната клима – истакна Мицкоски.
Годишниот планиран извоз на компанијата е 45 милиони евра.
Според министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, инвестицијата е потврда дека Македонија станува сè попривлечна за компании што носат современи технологии, нови производствени капацитети и квалитетбни работни места. Одлуката на компанијата дел од производството да пренесе во нашата земја, напомена Дурмиши, е силен сигнал за довербата во македонската економија.
– Покрај отворањето нови работни места, овој инвестициски проект ќе значи зголемен извоз, трансфер на нови технологи и дополнителна додадена вредност на македонсакта економија. По иницијалните преговори, кои траеа повеќе од една година, денес се испраќа јасна порака – дека Македонија и натаму е атрактивна дестинација за странските инвеститори – истакна Дурмиши.
Мултинационалната корпорација „Џаво отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили.
Освен во Турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)





![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)










![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-100x70.png)


