Репрезентативни бизнис зделки – Катар го купува Кендрик Нан

345

Американскиот интернационалец и член на грчки Панатинаикос, Кендрик Нан во иднина ќе го носи дресот на репрезентацијата на Катар. Веќе следната година како нивни претставник ќе настапува на Светското првенство.

Според првенствените информации кој ги пренесуваат грчките медиуми, Нан за неговиот ангажман ќе заработи 30 милиони евра во период од 5 години. Иако е невообичаено репрезентации да нудат официјална парична компензација за натурализирани репрезентативци ова не е случај со оваа азиска земја. Катарската кошаркарска асоцијација веќе подолг период беше во потрага по сериозно засилување. Нивни прв избор, наводно бил Тобајас Херис, крилниот играч на NBA лигашот Детроит Пистонс. Поврзаноста на Херис и Катар е неговиот помлад брат, Тајлер Херис кој веќе како натурализаран играч има настапувано за Катарската репрезентација. Откако првенствениот план не бил реализиран, фокусот бил префрлен на експлозивниот бек. Ваков тип на договор до сега не е виден и официјализиран во репрезентативната кошарка.

Кендрик Лан беше огромна желба и на Турксата репрезентација, но откако имаше застој во преговорите изборот падна на неговиот сонародник Малакај Флин. Во досегашната професионална кариера има настапувано во Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс пред да се пресели на “стариот континент”. Од 2023 со успех ги брани боите на Атински Панатинаикос со кој ја освои европската круна а лани беше прогласен за најдобар играч во Евролигата.

Димитар Младеновски