Национал-шовинистичка организација во Бугарија, ќе ги блокира граничните премини кон МАКЕДОНИЈА

107

Не блокираат во ЕУ, ќе ни ги блокираат и границите. Ова доаѓа откако бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација „Македонија“, на ултра-националистот Виктор Стојанов, другарче на Рубин Земон од СДС.

Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.

Целта, според најавата, наводно е да му се покажело на македонскиот премиер Мицкоски дека не може да продолжи со уште понаводниот, имагинарен прогон на Бугари во Македонија.

,,Дојдете оваа недела од 11 часот на една од трите гранични точки со Македонија за заедно да ја блокираме границата со Македонија 2 часа. Целта е демонстративно да му се покаже на Мицковски дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјата”, се вели во луцидната најава на здружението на антимакедонистот Виктор Стојанов, кој се сликаше на кафе со Рубин Земон од СДС.

,, Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува инфантилно другарчето на Земон од СДС.