Роналдо е на врвот на листата на најплатени фудбалери

79

Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“.

Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер e сеуште на врвот. Годишниот приход изнесува 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари доаѓаат од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот.

Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, со 140 милиони долари (поделено од 70 милиони долари на теренот и 70 милиони долари надвор од теренот). Помеѓу првите тројца се наоѓа 27-годишниот Французин Килијан Мбапе, со 95 милиони долари (70 милиони долари на теренот и 25 милиони долари надвор од теренот). Дваесет и петгодишниот Норвежанец Ерлинг Халанд заработи 80 милиони долари (60 милиони долари на теренот и 20 милиони долари надвор од теренот), додека 25-годишниот Бразилец Винисиус Џуниор ја заокружи првата петорка со 60 милиони долари (40 милиони американски долари на теренот и 20 милиони американски долари надвор од теренот).

Светското првенство во 2026 година се игра од 11 јуни до 19 јули.