Њу Јорк Никс е NBA шампион (ВИДЕО)

130

Њу Јорк Никс е нов NBA шампион.

После цели 53 години, Никси го освојуват шампионскиот пехар. По четвртата победа над Сан Антонио Спарс (94:90) во петтиот натпревар од финалето сo конечни 4-1 го заокружија ова волшебно првенство. За Њу Јорк ова е прва титула од 1973 година. Херој на победата беше неверојатниот Џејлен Брансон со 45 постигнати поени. Никси влегоа во натпреварот со слаб шут а Спарси со одличната одбрана на Виктор Вембањама, изградија рано двоцифрено водство. И покрај катастрофалниот шут, Никси благодарение на Џејлен Брансон, кој постигна 16 од 37-те поени на својот тим во првото полувреме, заминаа на полувреме со пет поени негатива (37:42).

Третата четвртина донесе неизвесност. Клучните моменти се случија во последната четвртина. Брансон ја превзема контролата со серија од 10 последователни поени преку кои Никси го израмнија резултатот на 83:83, пет минути пред крајот. Кратко потоа тој погоди три слободни фрлања, давајќи му на Њу Јорк прво водство од првите минути од натпреварот. Со 43 поени во тој момент, тој постави рекорд за најмногу поени од играч на Њу Јорк во еден натпревар од финална серија. Натпреварот го заврши со 45. Се играше изедначено, со тоа што Никси успеаја да дојдат до голем триумф и да стигнат до толку посакуваниот трофеј.

Победата беше кулминација на сезона од соништата за Њу Jорк. Годинава го освоија и NBA купот а го направија најголемиот “камбек” во историјата на NBA финалето во четвртиот натпревар на домашен терен, враќајќи се од дефицит од 29 поени. Со освојувањето на титулата се стави крај на една од најцрните серии во историјата на американскиот спорт.
Во последните 8 сезони во NBA добивме 8 различни NBA шампиони.

NBA FAN
Димитар Младеновски