10 животни лекции на кои мора да го научите детето до неговиот 10-ти роденден

76

Родителството не е толку комплицирано, колку шти одвреме навреме знае да биде предизвикувачко. Но, на крајот улогата на родителот е едноставна: да се грижи за детето исто како што се грижи за себе.

Секој родител, меѓу останатото, сака да моделира однесување кое подоцна неговото дете би го усвоило. Тој исто така сака своето дете да го научи да разликува добро од лошо, сака да го заштити од зло, сака неговото дете да се вклопи во друштво, но тоа да не биде по секоја цена, туку да ги почитува „правилата на играта“.

Добро, можеби не е секогаш таак едноставно, но во духот на едноставноста, ви носиме 10 едноставни, но и важни животни лекции на кои треба да го научите вашето дете до неговата 10-та година.

1. Да бидеш добар е едно од најважните достигнувања.

На пример, добивање добри оценки во училиште е одлично, но тоа што навистина е важно е тоа како да се однесуваме со луѓето, вклучувајќи се и самите себеси, да сме полни со љубов и добрина и да бидеме љубезни.

2. Постои повеќе од доволна љубов за сите.

Ако имате едно дете, научете дека вие можете еднакво да го сакате и него и неговиот друг родител. Ако имате повеќе деца, објаснете им дека имате доволно љубов за сите.

3. Твоето тело и сè што е поврзано со него е прекрасно.

Детето од мала возраст треба да научи да го сака и прифати сопственото тело онакво какво што е.

4. Грижи се добро за твоето тело.

Нека биде чисто. Храни го доволно, но не премногу. Внимавај да биде здраво и силно. Само размисли за работите кои ти овозможуваат да правиш активности како што се трчање, скокање, гушкање, па дури и јадење десерт.

Сето ова објаснете му го на вашето дете.

5. Сите ние сме посебни.

Сите сме надарени за различни работи, имаме различни таленти. Научете го детето дека не мора да биде најдобро во сè, туку само нека ги прави работите најдобро што може.

6. Никогаш не си сам/а.

Објаснете му на детето дека дури и кога е само, на пример во својата соба, вие секогаш мислите на него и го сакате.

7. Важно е да споделуваш со другите.

Научете го детето дека е добро да ги дели играчките, идеите и да ги научи другите деца да направат нешто што тоа веќе знае, на пример да ги врзе врвците на чевлите.

8. Во ред е некогаш да кажеш „Не“.

Ако постои некоја играчка која не сака да ја дели со другите бидејќи му е посебна, како некој подарок од баба, научете го дека е во ред да рече „Не“. Објаснете му дека не мора секогаш на сите да им вели „Да“, но секогаш да биде љубезен кога ќе рече „Не“.

9. Важно е да се почитуваат родителите.

Објаснете му на детето дека сè што правите, правите бидејќи го сакате и сакате да биде на сигурно, да порасне и на има најдобар живот. За да го поттикнете детето да ве почитува, бидете му пример – однесувајте се со почит кон себе и кон другите.

10. Безусловно е сакано.

Вашето дете мора да ја почувствува вашата љубов и да знае дека без оглед на сè, вие секогаш ќе го сакате.

loading...