Ретро NBA-Тексашката престрелка од ’96-та (ВИДЕО)

536

На денешен ден, Чикаго гостуваше во Далас.

Натпреварот го одбележа атомскиот напад на “биковите”.
На 29-ти Ноември 1996-та, во преполната “Ријунион арена” шампионот стигна до 14-тата победа во 15-от натпревар во сезоната 1996/1997, триумфирајќи со 116:97.

Ѕвездениот тандем, Мајкл Џордан и Скоти Пипен беа вистински лидери на тимот. Џордан постигна 36 а Пипен 32 поени, и двајцата со одличен процент на шутот од поле. Несебична помош добија од Стив Кер, кој од клупата за резервни играчи реализира 17 поени.
На спротивната  страна, водечки беше Крис Гетлинг кој иако не беше во стартната петорка, успеа да постигне 35 поени и 11 скокови а Џејсон Кид имаше 17 асистенции.

Чикаго, во оваа натпреварувачка сезона успеа да победи во 69 натпревари. Во големото финале се судри со Јута и ја освои петата круна во тимската историја.

NBA FAN
Димитар Младеновски