NBA-Лука го урна шампионот (ВИДЕО)

297

Далас Маверикс го пречека актуелниот шампион, Голден Стејт Вориорс.

Лидерот на домаќините, Лука Дончич одигра фантастичесн меч. Словенечката ѕвезда оствари “трипл-дабл” учинок, сочинет од 41 поен, 12 скокови и 12 асистенции и беше најзаслужниот за тесната победа од 116:113. На овој начин, “Мавси” ја прекинаа црната серија од 4 порази по ред.

На спротивната страна, Стеф Кари беше прв стрелец со 32 поени. Клеј Томсон имаше шанса да го израмни резултатот во последните секунди но, не беше успешен.

За Дончич, ова беше петти пат да постигне “трипл-дабл” учинок со над 40 постигнати поени, приклучувајќи се на специјално друштво. Пред него тоа го имаат постигнато уште само: Oскар Робертсон, Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс.

NBA FAN
Димитар Младеновски