Социјалните мрежи се исполнети со снимки од насилствата кои и синоќа избија на улиците во повеќе српски градови.
Ситуацијата беше најтензична во Белград, но против најавените рестриктивни мерки и власта на Александар Вучиќ се протестираше и во други градови ширум Србија. Снимка од Нови Сад стана вирална и ја шокираше Србија – на видеото може да се види како момче вози велосипед на страна од улицата зад групата на полицајците.
Ненадејно, еден полицаец грубо го сруши момчето од велосипедот, а друг веднаш дотрча, го удри со нога и го фрли неговиот велосипед.
На социјалните мрежи кружат информации дека нападнатото момче е малолетно, а некои тврдат дека го знаат идентитетот на полицаецот кој го удри момчето додека беспомошно седеше на тротоарот.
Протестите кои избија во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагујевац и синоќа станаа насилни, а од Министерството за внатрешни работи соопштија дека најмалку 19 полицајци се повредени.
Не пропуштајте: Ова е режим: Десетина полицајци брутално претепаа демонстрант кој немоќно лежеше на асфалтот
Неколку српски медиуми пренесуваат дека нивни новинарски екипи се нападнати од полицијата, а беа објавени и други снимки од полициската бруталност. Во нередите настрада и познатиот актер и лидер на Движењето на слободните граѓани, Сергеј Трифуновиќ.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



