Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.
Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈПДП.
ЈПДП
-Иако важноста на делницата Охрид-Св.Наум е исклучителна бидејќи е магистрален пат кој има регионално значење и претставува патна врска со Република Албанија цели четири децении чекаше за рехабилитација која започна во август 2023 година и која сега е на самиот крај и завршува во предвидениот рок за изведба пред почетокот на летната сезона, а тоа е јуни 2025 година. Со реконструкцијата заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши и растеретување на косини од нестабилен карпест материјал и се монтираше заштитна челична мрежа на косините, велат од претпријатието.
ЈПДП
Во завршна фаза е поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда.
-Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така, ја подобруваме патната мрежа, го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој во охридскиот регион, посочуваат од ЈПДП.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)


