NBA-Сите размени на едно место

637

Челниците на Бруклин му ја исполнија желбата на Џејмс Харден и го испратија од Бруклин во Филаделфија. Во спротивен правец заминуваат Бен Симонс, Сет Кари и Андре Драмонд. Харден и Симонс сега може слободно да бидат вклучени во иста група на играчи кој се константно незадоволни и вистински кошмар за управата на тимовите во кој настапуваат. Подетална анализа ќе следува наредните денови.

Во огромна размена беа вклучени четири тимови. Шампионот Милвоки го доби Серж Ибака и два пика од втората рунда на драфтот. “Клиперси” го добија шутерот Родни Худ и Семи Ожале, а нови играчи на “кралевите” се Донте Ди Винченцо, Треј Лајлс и Џош Џексон. Сакраменто се ослободи и од нивното најголемо разочарување (вториот пик од драфтот 2018 година) Марвин Бегли кој ќе проба да ја оживее својата кариера во Детроит Пистонс.Вашингтон најпрво го испрати Монтрезл Херлд во Шарлот а за возврат го доби Вернон Кари и повратникот Иш Смит. Веднаш потоа следуваше нова “бомбастична” информација, тимот од главниот град го ангажира Кристапс Порзингис од Далас а во спротивен правец ги испрати Спенсер Динуиди и Дејвис Бертанс. Според многумина, “мавси” добија премалку за високиот латвиски колос.Два тима на кој сериозно им се потребни промени направија меѓусебна размена. Сакраменто Кингс и Индијана Пејсерс се договорија за трејд во кој беа вклучени 6 играчи. Ланскиот All Star, Домантас Сабонис доаѓа во Калифорнија во пакет со бековскиот тандем Џастин Холидеј и Џереми Лемб. Во спротивен правец заминуваат талентираниот бек Тајрис Халибартон, шутерот Бади Хилд и искусниот крилен центар Тристан Томсон.Оваа промена нема да донесе инстант резултати и во двата тима. Сакраменто со години има слаби резултати а истото важи и за Индијана, која (како што претходно најавивме) е пред целосен ремонт. Она што може да се издвои од овој “дил” е шасата која ќе ја добие надежниот Халибартон во Индијанаполис како и (конечното) раздвојувањето помеѓу Хилд и “кралевите”, кое се најавуваше речиси година и пол.

За Сабонис ова ќе претставува нова шанса (со својот четврти тим во кариерата) да го покаже својот неспорен потенцијал и да заработи нов и богат договор. За илустрација, “Домас” има актуелен договор за уште една година во кој ќе заработи (вртоглави) 18.5 милиони долари.

Индијана набрзо го испрати крилото Тори Крег во Феникс а за возврт го доби надежниот центар Џејлен Смит. “Сонцата” експресно реагираат и го доведуваат бекот Ерон Холидеј од Вашингтон.Портланд повторно беше активен. Во трампа која ги вклучи и Јута како и Сан Антонио, го доби австралискиот репрезентативец Џо Инглс како и ниското крило Илајџа Хјуз. Токушто ангажираниот плејмејкер Никел Александер-Вокер го испратија кај “џезерите” кај кого пристигнува и шпанскиот репрезентативец Хуанчо Хернангомез.

Сан Антонио од овој “дил” го добива Томас Саторански и избор во втората рунда на драфтот во наредните години. “Мамузите” не застанаа тука. Ги доведоа дефанзивно ориентираниот Џош Ричардсон и надежниот Ромео Ленгфорд во замена за Дерик Уајт кој преминува во Бостон Селтикс.

Кога сме кај “селтикси” тие без речиси никаков надоместок се ослободија од Бол Бол и Пи-Џеј Дозиер кој ги испраќаат во Орландо, за иден избор во втората рунда од драфтот. Потоа го испратија Денис Шрудер во Хјустон а го вратија својот поранешен центар Даниел Тајс. Интересно е што во овој “дил” помеѓу “келтите” и “ракетите” беа разменети двајца германски интернационалци.

Младиот нигериски репрезентативец, Кеј-Зи Oкпала има нов дом. Мајами Хит го испрати во Оклахома Сити Тандер, а за возврат доби иден пик од втората рунда на драфтот.

Ветеранот Горан Драгич пристигнува во Сан Антонио, само за кратко. Словенската легенда доаѓа кај “спарси” во размена за ветеранот Тадеус Јанг кој преминува кај “репторси.” Интересно е што се очекува Сан Антонио да го ослободи “змејот” при што тој веднаш би се преселил во Далас, кај неговиот добар пријател и сонародник, Лука Дончич.

NBA FAN

Димитар Младеновски