Бостон Селтикс го врати ударот.
Рано сабајлево, “селтикси” успеаа да извојуваат голема победа во вториот меч со 127:102 и израмнија на 1:1 во финалето на источната конференција. Гостите од Масачусец доминираа уште од самиот почеток на натпреварот а на полувреме веќе имаа предност од 25 поени (70:45).
Прво име кај “келтите” повторно беше Џејсон Тејтум со 27 поени следен од Џејлен Браун и Маркус Смарт кој постигнаа по 24 поени. На спротивната страна единствен расположен за игра беше Џими Батлер кој беше прв стрелец на мечот со 29 поени. Следниот натпревар се игра за два дена од сега а серијата се сели во Бостон.
NBA FAN
Димитар Младеновски