Ерупција на “Гудисон парк”

532

Евертон се врати од безизлезна ситуација и ја обезбеди најважната победа сезонава, на мечот со Кристал Палас.

На едно коло пред крајот на сезоната, “сините” обезбедија опстанок во Премиер лигата. Момците на Френк Лампард беа на работ на бездната, откако по првиот дел на домашен терен беа во негатива од 2:0 во клучниот меч за нив сезонава.

Матета и Ају со погодоците во првите 45 минути го фрлија во очај навивачите на “Гудисон Парк“, но во второто полувреме беше една сосема поинаква приказна. Најпрво во 54-та минута со голот на Кин намалија на 1:2, а со голот на Ришарлисон во 75-та минута успеаја да израмнат. Офанзивниот налет пред гостинскиот гол конечно донесе пресврт во 85-та минута, Калверт-Левин погоди за 3:2 и за исклучително вредни три бода за тимот од Ливерпул во трката за опстанок.

Навивачите излегоа на теренот и го прославија опстанокот во елитното натпреварување на спектакуларен начин. Со оваа победа Евертон пред последното коло  веќе е сигурен учесник во Премиер лигата следната сезона.

Димитар Младеновски