Уште еден возбудлив меч.
Мајами Хит успеа да избегне елиминација и да извојува голема победа на гостувањето во Бостон. Конечни 111:103 за израмнување на 3:3 во серијата.
Главна причина зошто ќе има седми и решавачки меч е Џими Батлер кој одигра фантастично. Батлер постигна 47 поени (+8 асистенции и 9 скокови) и беше вистински лидер на својот тим. Инспирирани од неговата игра, гостите од Флорида го издржаа притисокот. Кајл Лаури постигна 18 поени и 10 асистенции а Макс Страус и Пи-Џеј Такер придонесоа со 13 и 11 поени.
Мечот кој ќе одлучи кој од овие два тима ќе се пласира во големото финале се игра за два дена во “Американ Ерлајнс” центарот, во Мајами.
NBA FAN
Димитар Младеновски