NBA колумна на Димитар Младеновски-Пеколен старт на преодниот рок

453

Синоќа, официјално започна преодниот рок во NBA. Секоја година токму овој период е исклучително возбудлив поради ангажманот на играчите и нивните идни дестинации. На кратко ги издвојуваме поинтересните.Довчерашниот плејмејкер на Њу Орлеанс Пеликанс, талентираниот Лонзо Бол е нов играч на Чикаго Булс. Тој доаѓа во размена која во спротивен правец ги испрати чешкиот репрезентативец Томас Саторански, крилото Герет Темпл како и иден избор во втората рунда од драфтот. “Зо” потпишува нов 4 годипен договор вреден 85 милиони долари. Набргу потоа “биковите” добија уште едно засилување на бековската позиција, организаторот на играта од клупата на Лос Анџелес Лејкерс, Алекс Карусо.Главниот човек на Мајами Хит, легендарниот Пет Рајли, по којзнае кој пат докажува дека е еден од најспособните оперативци во кошаркарскиот свет. На Флорида нов играч е 6 кратниот All-Star бек, Кајл Лаури како и еден од најдобрите дефанзивни во лигата, неуморниот Пи-Џеј Такер кој штотуку ја освои титулата со тимот на Милвоки Бакс. Во тимот останува и шутерот Данкан Робинсон. “Жешките” сеуште ке бидат активни на пазарот и се очекуваат уште новини во тимот каде нивниот лидер Џими Батлер ја продолжи верноста кон клубот, потпишувајќи нов договор.Лос Анџелес Лејкерс исклучително активно го започна првиот ден од преодниот рок. Повратник во тимот е центарот Двајт Хауард, за кого (интересно) ова ке биде трет пат како ке го облече дресот на “езерџиите”. Во тимот доаѓаа и три ветерани. Се работи за уште тројца поранешни “езерџии”. Тревор Ариза, Кејт Бејзмор и Вејн Елингтон се доведени пред се за шут однадвор, потреба која им е круцијална (заедно со формирањето на тимската хемија) во комплетирање на ростерот за следното првенство. По доведувањето на Расел Вестбрук и со најновите засилување, за очекување е тимот од “градот на ангелите” да не запре во борбата за ангажирање на уште некое звучно име.Финалистот, Феникс Санс го задржа својот лидер. Ветеранот Крис Пол, потпиша нов 4 годишен договор со тимот од Аризона каде ке ја започне својата 17-та NBA сезона. Најинтересно претставуваше доведувањето на репрезентативниот центар Џавејл МекГи. Три кратниот шампион потпиша едно годишен договор за “минимални” 5 милиони долари.Од останатите информации, Блејк Грифин останува во Бруклин Нетс. Рејшуан Холмс по одличните игри во дресот на Сакраменто Кингс тоа го “наплати” со 4 годишен договор вреден 55 милиони. Мајк Конли останува прв плеј во тимот на Јута Џез. Францускиот интернационалец, Николас Батум остана во клиперси како и Боби Портис кој ја продолжи верноста кон Милвоки. И покрај многубројните шпекулации, Дерик Роус го продложи договорот со Њу Јорк Никс. Во бековската линија на поранешниот MVP друштво ке му прави искусниот француски шутер, Еван Фурние кој пристигна во “големото јаболко”Ова е краток осврт на првиот ден од преодниот рок. Во исчекување сме на уште многу новини и возбудувања наредниве денови. Потоа ке следува дополнителна и детална анализа.

NBA FAN

Димитар Младеновски