NBA колумна на Димитар Младеновски-“Адмиралот” Робинсон (ВИДЕО)

1087

Дејвид Морис Робинсон. Центар со карактеристики на бек. Еден од најподвижните ,најснаодливите, како и најталентираните играчи кој стапнале на паркетот во ’90-тите.

И покрај неговата височина од 216 сантиметри, со леснотија како газела иташе во контранападите на својот тим. Робинсон имаше гранитно силна и мускулеста градба, мек шут и исклучително чувство за игра. Еден од ретките центри кој секогаш се наоѓаше на право место во право време. На богатиот офанзивен арсенал мора да се потенцира и неговата неисцрпна желба за игра во одбраната.Како единствена “дамка” во неговата кариера е спорната ноќ кога во Лос Анџелес го постигна својот рекорд на кариерата. Таа вечер (во последниот меч од регуларниот дел на сезоната ‘93/’94) Робинсон постигна 71 поен и на тој начин успеа да се закити со епитетот на најдобар стрелец во првенството. Токму за контроверзниот дуел против Клиперси веќе пишувавме.

NBA колумна на Димитар Младеновски-Скандалозната вечер на Дејвид Робинсон! (ВИДЕО)

Иако многумина кошаркарски фанови имаа поделено мислење за ‘’Aдмиралот”, неспорно е дека се работеше за исклучително квалитетен играч со богато реноме.

Сите 14 професионални сезони ги одигра во дресот на Сан Антонио Спарс. 10 пати настапуваше на собирот на најголемите кошаркарски ѕвезди на All Star натпреварите. Беше прогласен за најдобар одбранбен играч во 1992 година. MVP на сезоната 1994/1995.

Tри пати ја претставуваше Америка на Олимписките игри и освои два златни и една бронзен медал. Стана двократен NBA шампион (1999 и 2003 година). Уживајте во ова видео каде на дело ја имаме играта на легендарната 50-ка на Спарси. “Адмиралот”!

NBA FAN

Димитар Младеновски