Третиот најбогат човек има луд план со Милан: Вакво нешто е тешко дури и да се замисли!?

78

Италијанските медиуми не престануваат да пишуваат можноста третиот најбогат човек во светот, Бернар Арно да го купи Милан.

Во Италија се тврди дека детали го делат Арно од купување на клубот кој неколку години наназад се обидува да се врати на славните патеки.

Арно е „тежок“ 106 милијарди евра, а се проценува дека за Милан ќе издвои нешто помалку од милијарда евра. Веќе медиумите започнаа и да најавуваат како би изгледал Милан на чело со него.

Звучи лудо и не реално, но „Калчомеркато“ објави дека Французинто ни помалку, ни повеќе сака да ги спои Меси и Гвардиола во Милано!? Наводно резервна опција му биле Клоп и Килијан Мбапе!?!

Фондот „Елиот“ во Милан вложи скоро пола милијарда евра и заинтересирани се да го продадат клубот кој падна во нивни раце откако сомнителните Кинези не успеаа да го вратат долгот.

Синот на Бернар, Антоан би бил прв човек на клубот и некој кој би се прашувал за се. Неговиот план е Милан да го откупи „Сан Сиро“ и да го реконструира.

Бернар е сопственик на компанијата „ЛВМХ“ под која спаѓаат: Луи Витон, Моет и Хенеси. Во негова сопственост се уште: Диор, Френди, Живаши, Марк Џејкобс…

Плановите на Арно за кои пишуваат Италијанците изгледаат како некој да се заиграл „Фудбал Менаџер“, но да оставиме времето да покаже.