Пироманите кои го трујат Скопје фатени на дело! Ова веќе е премногу! Повикувам на ИТНА акција од МВР и ЈО конечно да се стави крај на ова дивеење кое ја загрозува безбедноста на скопјани и нашата животна средина, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко – вистински чувари на градот и наши херои!
Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.
Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.
Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви. Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!“ пишува градоначалникот на Кисла Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеоргиевски.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















