NBA-Јута ги здроби воините (ВИДЕО)

699

Голден Стејт Вориорс допатува во Солт Лејк Сити во обид да стигне до својот 10-ти триумф по ред. Домаќините имаа сосема други планови.

Јута (иако беше сериозно ослабена по трампата) прикажа одлична тимска игра која резултираше со огромна победа. “Џезерите” ги разнесоа “воините” и победија со 26 поени разлика (111-85). Шест играчи на домашниот тим имаа двоцифрен број на поени. Беа предводени од хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ со 23 поени, а одличен придонес пружија бековите Донован Мичел, Мајк Конли и Џордан Кларксон кој постигна по 14 и 13 поени.

Гостите од Калифорнија имаа ужасна шутерска ноќ. Прв стрелец беше Џордан Пул со 18 поени со лоша реализација од поле (5 од 14). Стеф Кари постигна 16 поени но, погоди само 5 од 13 обиди. Иако загубија “воините” сеуште се наоѓаат на втората позиција во западот (41-14) пред третопласираниот Мемфис и четвртопласираната Јута.

NBA FAN

Димитар Младеновски