Кој орган најмногу страда од лошиот режим на исхрана?

890

Додека сме помлади, преживуваме на газирани или енергетски пијалаци, брза храна и мрсни грицки, слатко и чоколадо без премногу да се грижиме за последиците.

За жал, лошиот режим на исхрана доаѓа да си го земе „данокот“ многу подоцна. Сепак, без оглед на возраста никогаш не е премногу доцна да донесете поинакви одлуки околу тоа што сервирате на масата пред вас и со што го храните своето тело.

Храната може да биде и болест и лек. Но дали некогаш сте се запрашале кој орган од телото е најмногу погоден од нездравата, лоша исхрана која ја практикуваме?

Тоа е прилично едноставен и непобитен факт: Мозокот „се храни“ исклучиво преку она што го јадеме секој ден.

Од сите органи во нашето тело, мозокот најлесно може да се оштети од лошата исхрана.

Според својата структура и способноста на секој негов дел да извршува соодветни функции, секој негов аспект си бара соодветна храна.

Храната што ја јадеме секојдневно се разложува на хранливи материи кои се пренесуваат преку крвотокот и стигнуваат до мозокот. Внесената храна ги активираа клеточните реакции во мозокот и станува дел од самото ткиво на овој витален орган.

Сепак, изненадувачки е фактот колку малку внимание е посветено на овие истражувања, и во науката и во културата. Мнозинството од најпродаваните книги за исхрана нагласуваат губење на телесна тежина со цел да бидете витки или да изгледате помладолико.

Во најдобар случај, постојат неколку популарни диети кои се адаптирани да се борат против срцевите и коронарните заболувања или шеќерот во крвта, или пак се насочени кон одредена чувствителност на храна (безглутенски, органски).

Кога јадеме мастен, засладен оброк и почувствуваме симптоми како што се слабост, магла и поспаност, треба да бидете свесни дека овие симптоми не потекнуваат од желудникот, туку од мозокот.

Уште поважно, овие не се строго привремени ефекти. Најновите истражувања укажуваат на тоа дека лошата исхрана предизвикува губење на клучните структурни и функционални елементи во мозокот, со агресивно стареење на мозокот и деменција.

Неодамнешните проценки покажуваат дека Алцхајмеровата болест може да се спречи кај најмалку еден од секои три потенцијални пациенти преку подобрување на вежбањето, здравјето на срцето, интелектуалната активност и се разбира, исхраната.

Следниот пат кога ќе посегнете по нешто нездраво, помислете си каков ефект тоа ќе има првенствено врз вашиот мозок, наместо врз целулитот или колковите.