Никого не сакаат повеќе од себеси: Најголемите егоисти меѓу хороскопските знаци!

562

Од 12-те хороскопски знаци, се издвојуваат три кои се најголеми нарциси и не сакаат никого освен себеси!

Овен

Себеси се сметаат за најпаметни, најдобри и најпосебни. Со оглед на тоа што на другите луѓе тешко им е да го поднесат тоа, најчесто немаат многу пријатели, а неретко им е тешко и да пронајдат љубов. Едноставно е – обично не се многу омилени во друштвото.

Терезија

Иако себеси се сметаат за најдобри, тие се всушност најповршниот хороскопски знак. Сакаат убави луѓе и убави работи и многу им е важно да бидат најубави и да извлекуваат комплименти секаде каде што ќе се појават. Секогаш мораат да бидат во центарот на вниманието, а ако не се, ќе направат се’ за да бидат. Експерти се за фалење со своите достигнувања и обожаваат да се прикажуваат себеси во најдобро светло.

Лав

Познати се како егоцентрици кои не ја ни кријат таа своја особина. Ако некогаш се најдете во друштво на Лав, ќе сфатите колку си се восхитува самиот на себе и колку ги смета другите за инфериорни. Уверени се дека сите ги сакаат и дека се ѕвезди во секое друштво, но факт е дека на луѓето не им се допаѓа многу нивната егоцентричност.