По смртта на легендарниот актер Шон Конери, неговата сопруга Мишелин Рокебрун Конери со која беше во брак 45 години, проговорела за неговите последни моменти.
„Таквиот живот не беше за него. Не можеше да се изразува во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирен. Постојано бев покрај него и едноставно потона во сон. Така и сакаше да биде“, изјавила Конери за „Daily Mail“.
“Имаше деменција и тоа го зеде својот данок. Неговата последна желба се исполни, да почине без многу врева“, открила Мишелин.
Таа имала само пофални зборови за својот сопруг.
„Тој беше прекрасен и поминавме прекрасен живот заедно. Беше пример за мажите. Ќе ми биде многу тешко без него, свесна сум за тоа, но не можеше да трае вечно, а тој замина во мир“, додала таа.
Шон и Мишелин се запознале дамнешната 1970 година, а 5 години подоцна се венчале. Тие беа во брак 45 години, а Конери бил вљубен во својата сопруга до смртта.
„Мишелин е неверојатна жена. Таа е љубовта на мојот живот“, изјавил Конери во едно интервју.