NBA-Тронот е на дофат

26

Новата NBA сезона е пред нас. Издвојуваме неколку од најитересните тимови во ова првенство и што можеме да очекуваме од нив во натпреварувачката 2026/2027.

Мајами Хит

Главна вест во Флорида е доаѓањето на поранешниот двократен најкорисен играч во лигата, Јанис Антетокумпо. Во тандем со репрезентативецот Бем Адебајо, “жешките” го поседуваат (можеби) најсилниот тандем на крилни играчи кој со леснотија ја ротираат својата позиција и со исклучителна успешност ги решаваат задачите. Поради доведувањето на Јанис во составот, Мајами мораше да се откаже од повеќе талентирани и млади играчи по што страдаше “длабочината” и клупата на тимот. Успеаа да ги ангажираат Тим Хардавеј јуниор, ветеранот Клеј Томсон кој заедно со поранешниот прв пик на драфтот, Ендрју Вигинс имаат многу за докажување во тековното првенство. Според повеќето експерти, Мајами Хит е тим кој може да оди до самиот крај, но во прашање е малку време за адаптација во кое треба сите коцки да го најдат своето место во мозаикот.

Филаделфија 76ерс

Тимот кој според многумина најмногу се засили во текот на преодниот рок е тимот на Филаделфија 76ерс. “Сиксерси” го доведоа Леброн Џејмс кој како нов соиграч покрај себе ќе го има довчерашниот “суерстар” на тимот на Бостон Селтикс, Џејлен Браун. Бековската линија има повеќе од светла иднина вo Тајрис Мекси и Ви-Џеј Еџгом а на центарска линија е поранешниот “МVP” Џоел Ембид за кого здравствената состојба е секогаш знак прашалник. Клупата за резерви е повеќе од стабилна со новодојдените бекови Енферни Сајмонс, Дин Вејд и искусниот дефанзивец Кантевиус Калдвел-Поуп. Освојување на шампионската титула е главна цел за “сиксерси” а доколку тоа не го остварат сезоната која следи за нив ќе се смета за неуспех.

Вашингтон Визардс

Прва сезона на Ентони Дејвис во главниот град како и прва целосна сезона на Треј Јанг во составот на “волшебниците”. Двајцата имаат што да докажат. Во двата случаја повредите беа фактор за променливата игра и чести отсуства. Надежта на управата на Вашингтон е дека токму овие двајца поранешни “All Star” играчи ќе го вратат тимот во плејофот. Причина за оптимизам влева и првиот пик на овогодинешниот драфт, Еј-Џеј Дибанса на кој му се предвидува повеќе од светла иднинда.

Лос Анџелес Лејкерс

По заминувањето на Леброн Џејмс ќе бидеме сведноци на една нова ера за тимот од Калифорнија. Лука Дончич е неспорен лидер на тимот кој во оваа сезона влегува со 9 нови играчи. Како вистински предводник во текот на летниот период заедно со целиот состав организираше заеднички активности во својата родна Словенија. Најзвучните нови имиња во “градот на ангелите” се центарот Вокер Кеслер, грузискиот репрезентативец Сандро Мамукелашвили и секогаш енергичниот бек Колин Секстон. На хартија “лејкерси” не делуваат нималку импресивно а она што може да се очекува е пласман во доигрувањето само доколку Лука прикаже “MVP” сезона за што е повеќе од подготвен и способен во моментов.

Минесота Тимбервулвс

Во Минеаполис има нов бек шутер, еден од најдобрите во лигата. Лонзо Бол летово пристигна во тимот на задовлство на нивните навивачи. Бол е еден од најперспективните млади креатори на играта кој со својата разновидност важи за константен проблем на противничките одбрани. Во составот пристигна и младото крило Џонатан Куминга кој има шампионско искуство и многу причини да докаже зошто беше вбројуван како еден од најголемите таленти на својата позиција. Најважно нешто за “волците” е здравјето на својот најдобар играч Ентони Едвардс. Доколку популарниот “Ент” остане здрав во текот на првенството, “воците” може да направат сериозен продор во “плејофот”.

Портланд Треилблејзерс

Тимот на Портланд претставува најголема енигма пред престојното првенство. Во составот пристигна еден од атлетски најсилните бекови кој се појавиле до сега, Џа Морент. Пред Морент е сезона во која конечно треба да покаже дисциплина и зрелост која не ја поседуваше досега. Тимската легенда Демиен Лилард е негов бековски партнер кој се враќа по долга пауза а во бековската линија се наоѓаат и ветеранот Џру Холидеј и поранешниот висок пик и голем талент, Скут Хендерсон. Никој не може да предвиди како би функционирал нападот на составот од Орегон за кој една топка во офанзивата е премалку. Одбраната е сомнителна, но едно е сигурно, овој тим ќе биде сериозно незгоден противник посебно пред својата публика.

NBA FAN
Димитар Младеновски