До крајот на летниот преоден рок во Европа има нешто повеќе од еден месец, но нема најави дека Реал Мадрид би можел да добие уште едно ѕвездено засилување.
Општо познато е дека Зинедин Зидан е вљубен во Пол Погба, но ако сака да го донесе во своите редови мора да делува брзо затоа што преодниот рок во Англија завршува на 9 август и тешко дека по овој термин Манчестер Јунајтед би се откажал од најскапиот фудбалер во својата историја. А, тоа повторно прави тензија меѓу Зинедин Зидан и Флорентино Перес.
Францускиот стручњак, наводно, му е лут на претседателот на клубот затоа што не го исполнил ветувањето дадено при преговорите за негово враќање во Реал. Погба тогаш беше прва желба на Зидан, а како што стојат работите тој нема да дојде на Бернабе. Зидан веќе одби неколку алтернативи како Кристијан Ериксен, Дони ван ден Бек и Фабијан Руис, а и да донесе некој од нив сега, нема да има време да се вклопи во филозофијата на тимот.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















