На коло пред крајот на Премиер лигата, тимот на Њукасл го објави едно имињата на кое смета за следната сезона.
Новите сопственици од Саудиска Арабија, на “Сент Џејмс Парк” се решени да направат конкурентен тим кој ќе им ги помати плановите на големите клубови. Прво име кое се појави во медиумите е бразилецот Ричарлисон Де Андраде кој со голем успех настапува во Евертон.
“Страчките” веќе одреден период се заинтересирани за популарниот “гулаб од Нова Венција”. Откако во 2018 година пристигна на “Гудисон парк” од Ватфорд, Ричарлисон има настапено на 134 натпревари и има постигнато 42 голови. Бразилскиот репрезентативец претставува втор играч од Евертон кој во последно време е поврзуван со Њукасл. Пред само три дена “Скај спорт” излезе со информација дека Доминик Калверт-Левин е уште едно од потенцијалните засилувања за “црно-белите”.
Доколку сакаат да го видат Ричарлисон во своите редови, Њукасл на име оштета треба да му исплати на Евертон вртоглави 50 милиони евра.
Димитар Младеновски