Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус е на излезна врата од Манчестер Сити.
Тренерот на тимот, Пеп Гуардиола се изјасни дека (по доаѓањето на најновото засилување Ерлинг Халанд) бразилецот би имал значително помала минутажа на почетокот од следното првенство. Од тие причини почнаа да се шират информации околу новиот тим на Жесус.
25 годишниот играч најпрво беше поврзуван со Арсенал и со Јувентус но, по се изгледа уште еден италиански тим се вклучува во трката по него. Според “Кориеро дело спорт” Милан е сериозен кандидат за услугите на младиот напаѓач. Сериа А е реална опција за Жесус а во кој дрес ќе го видиме следната година останува да видиме.
Годинава за “граѓаните” има настапено на 27 средби во кој има постигнато 8 голови и 8 асистенции.
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















