Ретро NBA-Враќањето на Скоти Пипен (ВИДЕО)

630

На денешен ден, се случи долгоочкуваниот “came back” на еден од најомилените играчи на навивачите од “ветровитиот град”.

Нoќта помеѓу 09-ти и 10.01.1998 година, Чикаго Булс го пречека Голден Стејт Вориорс. “Биковите” конечно беа комплетирани. Скоти Пипен, за прв пат стапна на теренот откако ги пропушти првите 35 натпревари поради операција на повреденото стапало. Од самиот старт на натпреварот, беше видливо дека неговото присуство драматично ја промени играта на шампионот.

Чикаго во тврд натпревар успеа да извојува победа од 87:82. Својот прв меч по долгата пауза, “Пип” го заврши со 12 поени (во лимитирана минутажа). Прв стрелец (очекувано) беше Мајкл Џордан со 32 поени а освен Пипен двоцифрени беа и Тони Кукоч со 12 и Стив Кер со 10 поени. На спротивната страна (поранешниот прв пик на драфтот) Џо Смит беше прв стрелец со 23 поени. Интересно што ова беше еден од неговите последни натпревари во дресот на “воините”, пред трампата која го испрати во Филаделфија 76ерс.

Чикаго, на крајот од ова првенство повторно успеа да стигне до првата позиција во Источната конференција. Во големото финале (втора година по ред) се соочија со Јута Џез, и ја освоија шестата титула во тимската историја.

NBA FAN
Димитар Младеновски