ВМРО-ДПМНЕ: Веќе две недели скопјани се гушат во загаден воздух, Арсовска, СДС и Левица мува не ги лази

418

Веќе 10-тина дена скопјани се гушат во загаден воздух, а коалицијата СДС, Левица и Арсовска мува не ги лази.

Наместо да предлагаат некакви се полумерки и вондредни седници, нека седнат СДС и Арсовска, па тоа било и на тајна средба и нека донесат вистински и суштински мерки за загадувањето.

Полумерките на СДС се со единствена цел, да се полни касата на ЈСП Скопје, бидејќи директорот на ова претпријатие e кадар на СДС и преку тенедери во 4 очи со омилената фирма Пуцко Петрол да ги украдат парите на граѓаните.

А, за возврат граѓаните да добијат намален број на градски автобуси, наместо тој број да биде зголемен.

Целосна неодговорност од страна на СДС и Арсовска за здравјето на скопјани. Забораваат од СДС дека веќе 7 години се на централна власт и немаат ниту еден проект за почист воздух и здрава животна средина во Скопје.

Толку од зелените агенди на СДС и нивните коалициони партнери, Над 20 милијарди евра од изминатите буџети потрошени и украдени пари, а без ниту еден капитален проект за справување со загадувањето.

Се што прави коалцијата СДС, Левица и Арсовска е за личен профит и некој тендер плус, а на штета на граѓаните. За тоа најпотребни се предвремени парламентарни избори за излез од овие кризи, за кои најодговорни се СДС.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ