Ќерката на славната холивудска двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, го изненади светот кога со својата мајка се појави на црвениот тепих во Рим, на премиерата на филмот „Eternals“.
15-годишната Шајло Џоли-Пит направила драстична промена во изгледот од последниот пат кога беше видена во јавноста, а сите се маѓепсани од нејзината неверојатна убавина.
Шајло, која секогаш се истакнуваше со својот „момчешки“ стил, се појавила во едноставен краток фустан, а косата ѝ била врзана во модерна пунџа.
На црвениот тепих друштво им правела и Захара Џоли-Пит, а судејќи по фотографиите сестрите биле среќни што присуствуваат на големиот настан заедно со нивната мајка.
Гледајќи во ангелското лице на убавата тинејџерка, на социјалните мрежи започна полемика на кого повеќе наликува – на Анџелина или на Бред.
Инаку, таа е прво заедничко биолошко дете на славната двојка која има и близнаци и уште 3 посвоени деца.
Како изгледаше Шајло претходно, погледнете во продолжение: