Вашингтон Визардс го фати “последниот воз” за влез во плејофот. Ја порази Индијана Пејсерс со огромни 27 поени разлика и како 8-мо пласиран тим ке се судри со Филаделфија во првото коло.Конечни 142-115 во натпревар каде “волшебниците” ја имаа целосната контрола а особено доминираа во второто полувреме. Третата четвртина ја добија со 48-31 и испратија силна порака дека никогаш не се предаваат. Бредли Бил го предводеше тимот од главниот град со 25 поени. Беше следен од “бековскиот партнер” Расел Вестбрук кој реализираше 18 поени и 15 асистенции.
На спротивната страна, Малком Брогдон постигна 24 поени а Домантас Сабонис трипл-дабл (19 поени, 11 скокови и 10 асистенции) недоволно за зграбување на последната позиција на Истокот.
NBA FAN
Димитар Младеновски