Во семејството Ражнатовиќ – Родиќ датумот 3 јуни се слави од утро до мрак затоа што го добија малиот Жељко, синот на Вељко и Богдана.
За првото бебе на младиот пар пристигнаа голем број на честитки и скапоцени подароци, а беше организирана и гала прослава во домот на Цеца на Дедиње на која присуствуваа голем број на нејзини колеги. Фолк ѕвездата искеширала над 100.000 евра за раѓањето на внукот, а таа сума се однесува само на прославата, спремањето на собата на Жељко, како и на подарокот кој што Цеца го спремила за Богдана кога ќе пристигне дома.

Дека Цеца е голем домаќин, тоа го знаеме сите. Раѓањето на Жељко за неа е најсреќен ден во животот. Не размислуваше за пари, сакаше се да биде на ниво, па затоа даде околу 100.000 евра за се што е потребно, открил близок извор на пејачката за српски „Курир“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















