Македонија на готовс за СП? Цела Шведска репрезентација во карантин!

236

Статусот на Македонија прва резерва за Светското првенство во Египет влезе во активен разговор на само осум дена до почетокот на шампионатот. Виновник за ова е средниот бек на шведската репрезентација, Антон Линдског.

Целата селекција на Шведска е во карантин, а натпреварот против Црна Гора кој требаше да се одигра утре во Подгорица е одложен. Пред да тргнат за Црна Гора, Швеѓаните направиле тестирање и Линдског е единствениот кој се покажал позитивен. Меѓутоа, бидејќи Линдског тренирал нормално со своите соиграчи сега сите се во карантин, а одложен е и реваншот со Црна Гора, кој беше планиран за в сабота, во Скандинавија.

Се разбира дека сите ќе бидат тестирани и во следниве денови ќе бидат појасни работите, колку од репрезентативците се заразени, а на колку ќе може да се смета за настап на Светското првенство. Тоа почнува на 13 јануари и дотогаш има осум дена и, според правилата на ИХФ, ако некој се откаже, Македонија како прва резерва ќе добие право на настап.

Сепак, целото тоа сценарио мора да се земе со резева, бидејќи станува збор за Шведска, една од најсилните екипи во Европа, со долг список на потенцијални репрезентативци, кои ја чекаат својата шанса. Шведска игра во група со домаќинот Египет, со нашиот денешен противник, Чиле и со стариот познаник, Чешка.