Скопски малер: Дортмунд го зезна на пет ливчиња за скоро – два милиони денари (ФОТО)

104
DORTMUND, GERMANY - SEPTEMBER 19: (BILD ZEITUNG OUT) Jadon Sancho of Borussia Dortmund speaks with Erling Haaland of Borussia Dortmund who takes the penalty during the Bundesliga match between Borussia Dortmund and Borussia Moenchengladbach at Signal Iduna Park on September 19, 2020 in Dortmund, Germany. Fans are set to return to Bundesliga stadiums in Germany despite to the ongoing Coronavirus Pandemic. Up to 20% of stadium's capacity are allowed to be filled. Final decisions are left to local health authorities and are subject to club's hygiene concepts and the infection numbers in the corresponding region. (Photo by Alex Gottschalk/DeFodi Images via Getty Images)

Синоќешното реми помеѓу Борусија Дортмунд и Лацио (1-1) во меч од 5. коло од Лигата на шампионите долго ќе се „врти“ низ ноќните кошмари на скопски обложувач, откако поради германскиот тим остана без добивка од скоро 30.000 евра.

„Милионерите“ ја имаа улогата на фаворит на оваа средба, во која се очекуваше да има и многу голоови, поради што пасионираниот типстер од Кисела Вода ја има одиграно дека тие ќе победат и дека ќе паднат најмалку три голови. Германскиот тим имаше шанси, но не успеа да дојде до победничкиот гол, со кој себе си ќе си осигураше втора фаза од ЛШ, а на скопјанецот полн џеб со вкупно 1,73 милиони денари.

Пасионираниот обложувач одбрал осум натпревари кои ги играл на конечен победник со вкупно голови, кои потоа различно ги комбинирал знаците, а имал и едно ливче со најсигурните шест, но за несреќа од таму го исфрлил Јувентус, кој излезе како што треба, а го оставил Дортмунд, кој го зави во црно. Неговата вкупна уплата изнесувала 1.500 денари.