Филипче со нови предлог мерки: „Локалите да работат до 23 часот, администрацијата од дома, а следен чекор би бил полициски час“

176

Денес Филипче соопшти нови предлог мерки кои ќе бидат предложени до Владата, а изјави дека доколку не се почитуваат, следен чекор би бил полициски час.

Министерот Венко Филипче денес на прес изјави дека капацитетите во болниците во градовите низ Македонија веќе се речиси пополнети и дека ситуацијата е сериозна.

Филипче изјави и дека со оглед на анализите на сите нови бројки на заразени во изминатите недели, како што беше очекувано и најавено, до Владата ќе предложат нов пакет мерки за заштита од ширење на корона вирусот.

Новите мерки кои ќе бидат предложени се следниве:

  • Сите економски оператори да работат до 23 часот
  • Ограничување на капацитетот во јавен превоз до 50%
  • Препорака до цела државна и јавна администрација, до судови и општини, да согласно механизмот на работа, процесот на работа да се одвива во смени, онлајн или редуцирано со систем на ротации.

Сето ова е дополнување на пакетот мерки којшто утре ќе се дискутира во Собрание за измените во Законот на заштита на населението од заразни болести, што веќе е во постапка.

Тие мерки вклучуваат:

  • Задолжителни маски на отворено
  • Ограничување на групирање после 22 час надвор
  • Ограничување на семејни собири

Во однос на таргетирани мерки според ризични региони засега сметаат дека нема потребна да се презема нешто повеќе од општите мерки кои се однесуваат на ниво на цела држава. Најризични се Скопје со некои општини, Штип и Струмица, разгледувани се можности за дополнителни мерки, но засега сметаат дека овие мерки се доволни.

„Ова се пакет на мерки којшто значајно може да го намали бројот на новодијагностицирани случаи. Да упатам една порака до граѓаните, ситуацијата е навистина сериозна – следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час.“ – изјави министерот.