Мемфис Гризлис во неизвесен дуел го скрши отпорот на Сан Антонио Спарс. На домашен терен во “Фед Екс форумот” триумфираа со 100-96.
Најмнгоу благодарение на (нашиот голем пријател) Јонас Валанчиунас, “гризли мечките” обезбедија дуел со Голден Стејт Вориорс, за последната 8-ма позиција која води во доигрувањето.
NBA колумна на Димитар Младеновски-Јонас Валанчиунас (ВИДЕО)
Литванскиот колос имаше монструозен дабл-дабл учинок, сочинет од 23 поени и 23 скокови. Импресивното “скокачко издание” е прво по она на Денис Родман (во 1991 година) на првиот меч од плеј-офот, играч да “зграби” над 20 скокови. Мемфис доби сериозна поддршка од бековскиот тандем Дилон Брукс и Џа Морент кој контрибуираа со 24 односно 20 поени.
Актуелниот шампион во натпревар кој беше повеќе од интересен и неизвесен до последните секунди, го порази поранешниот шампион, Голден Стејт Вориорс. Конечни 103-100 за “лејкерси” за пласман во плеј-офот, како и дуел со второпласираниот Феникс Санс. Леброн Џејмс повторно, беше во главна улога. Постигна трипл-дабл сочинет од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции но (најважно) ја погоди клучната тројка од преку 9 метри со кој ја осигура победата.
Ентони Дејвис, во чекор го следеше својот лидер со 25 поени и 12 скокови. На спротивната страна, најдобриот стрелец во првенството, Стеф Кари постигна 37 поени кој не беа доволно за освојување на “Стејплс” цетарот.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











