„Збогум мајко, јас отидов“-со овие зборови Иван се прости од мајка му и замина во Германија

75

Збогум мајко јас отидов, немаме пари, немаме здравје, немаме живот веќе тука во оваа наша мала земја. Оваа разделба ми го распарчува срцето. Ве оставам тебе, тато и бато, али мајко морам да одам и да печалам за мене, за нас, за мојата идна сопруга и фамилијата која ќе ја основам.

Збогум другари и другарки. Ве оставам, но ветувам дека ќе се вратам пак некогаш и повторно ќе седнеме во маалските кафеани да се насмееме за старите добри времиња, да си ги споделиме тајните наши. Но, тогаш и јас ќе имам пари Вас да Ве почастам, како што и Вие мене ме частевте многу пати за Вашите успеси во животот.

На крај, збогум Македонијо, моја мила родна земјо. Те уништија тие кои се на власт, секој ден се повеќе и повеќе гние земјата на која газам, а со неа гнијат и плодовите кои ни ги даваш. Бев горд Македонец, веќе не знам кој сум, иако живеам во својата родна Македонија.

За тебе мила мајко, јас ќе жалам секој ден, во туѓа земја за мене непозната. Но мајко, ќе се вратам, чекај ме, те молам.