NBA колумна на Димитар Младеновски-Јонас Валанчиунас (ВИДЕО)

1260

Еден од најдобрите центри во NBA е литванскиот колос Јонас Валанчиунас. “Рамбо” (како што го нарекуваат неговите пријатели) е уште еден од ризницата на таленти кој ги дала неговата родна Литванија.Во најсилното кошаркарско друштво пристигна во 2011 година, кога Торонто го избра како висок петти пик на драфтот. По цели 7 години поминати во Канада, последните две ги игра во дресот на Мемфис Гризлис со повеќе од забележителен успех.Како стартен центар во 70 натпревари, 211 високиот “Нас” ја имаше најзрелата игра во сезоната која измина. “Гризли мечките” иако се млад тим имаа исклучително успешно првенство и за “влакно” пропуштија плејоф пласман. Агресивната игра во одбраната, огромниот арсенал на офанзивни потези како и искуството кое го носи со себе го прави Валанчиунас еден од лидерите на тимот од Тенеси.Интересен податок е дека Валанчиунас даде безброј комплименти на нашата земја и гостопримството при неговата посета на Скопје во 2016 година. Литванија беше противник на нашата репрезентација на пријателски турнир. Тогаш како играч на Торонто Репторс, високиот центар имаше само пофални зборови за ова искуство.Следуваат најубавите моменти од ланската сезона на нашиот пријател, Јонас Валанчиунас.

NBA FAN

Димитар Младеновски